Top Sport

Францускиот рекордер Маршан во пензија на 106 години! (видео)

Францускиот велосипедист Робер Маршан објави дека заминува во пензија, што можеби е вистинска одлука бидејќи тој има 106 години.

Одлуката доаѓа една година откако упорниот Маршан постави нов светски рекорд во категоријата за велосипедисти над 105 години (иако веруваме дека нема голема конкуренција), возејќи 22.528 километри за еден час на велодром.

Подвигот, поставен на велодром во близината на Париз, донесе огромно внимание за Маршан, аматер кој повеќе од 90 години вози велосипедист.

Scroll to Top