Top Sport

Башакшехир се пофали со Туран

Арда Туран го комплетирал својот трансфер од Барселона во тимот на Истанбул Башакшехир, тврди тренерот на турскиот клуб, Абдула Авџи.

Туран нема многу минути оваа сезона, и поранешниот играч на Атлетико Мадрид неколку пати најави дека сака нов клуб во зимскиот преоден рок. Според Авџи, неговиот тим ја добил „трката“ по неговиот потпис.

„Официјално ќе го покажеме во четврток или петок, и не беше лесно да се дојде до трансферот. Арда беше наша цел подолго време и му благодарам на претседателот на клубот за ангажирањето“, вели Авџи.

Барселона уште не го потврди трансферот, но и агентот на Туран, Ахмет Булут вели дека сè е е комплетирано.

„Арда се договори со Башакшехир и не сакаше да слуша за други понуди. Сака да се врати во Истанбул“, вели Булут.

Scroll to Top