Top Sport

Фрејзер Прајс: Во Токио одам по златен медал

Атлетичарката од јамајка Шели-Ен Фрејзер Прајс изјави дека главна цел оваа година и е освојување на златен медал на Олимписките игри во Токио.

33 годишната Фрејзер Прајс е четирикратна светска шампионска на 100 метри. Минатиот септември на Светското првенство во Доха таа стана највозрасна освојувачка на златен медал во оваа дисциплина.

Минатата година таа и се врати на атлетиката. Паузираше еден период бидејќи стана мајка.

„Дефинитивно верувам дека можам да победам. И покрај годините што ги имам сметам дека можам да напредувам. Паузата ми даде доволно време за да ги пренасочам целите што сакам да ги постигнам. Се радувам што по четврти пат ќе настапам на Олимписки игри“, рекла Фрејзер Прајс.

Атлетичарката од Јамајка има златни медали од ОИ во Пекинг и Лондон, додека во Рио де Жанеиро освои бронзен медал.

Scroll to Top