Top Sport

Фрум на шестмесечно боледување

Британскиот велосипедист Крис Фрум надвор од патеките ќе биде шест месеци. Фрум се опоравува од операцијата која му беше извршена откако во Франција се здоби со тешки повреди.

Четирикратниот победник на престижната трка Тур д’Франс беше опериран во средата. Операцијата која траела шест часа е оценета како успшена.

Фрум претходно со брзина од 54 километри на час, додека се загревал за четвртата етапа на трката Критериум де Дофина, удрил во ѕид. Тој скршил неколку ребра, го повредил вратот, а се здбоил и со фракури на бутната коска и лактот.

Британецот е двоен олимписки шампион (2012 и 2016), а покрај четирите победи на Тур д’Франс има по една победа на Вуелта Еспања (2011) и Џиро д’Италија (2018).

Scroll to Top