Крис Фрум во 2018 година ќе се посвети на „ловот“ на „маља роса“, победата во генерален пласма на Џиро ДИталија, единствената голема трка која недостасува во неговата колекција, тврдат британските медиуми.
Според „Тајмс“, Фрум и неговиот мега-тим, Тим Скај сериозно размислуваат за обид на мајската италијанска класика, на која ако победи, Британецот би ги имал трите маички во исто време, со четири титули од Тур де Франс и деби победата на Вуелта Еспања во 2017.
Весникот ова го споредува со успехот на Тајгер Вудс, кој во исто време ги имаше четирите големи голферски титули по Мастерсот во 2001 година. Покрај „Тајмс“, и шпанскиот „Ел паис“ го цитира шефот на Тим Скај, Дејв Брејлсфорд кој изјавува дека не е невозможно да се победи на Џирото и ТдФ во иста година.
Сепак, за вистинска одлука ќе треба да се почека Џиро ДИталија да ја презентира рутата за трката следната година, иако се знае дека италијанската трка стартува во Ерусалим на 5 мај. Организаторите ќе ја објават рутата овој месец.