Четирикратниот шампион од Тур де Франс, Крис Фрум вели дека е можно да се оддржи овогодишната трка без публика, но се сомнева дека организаторите можат да гарантираат дека по француските патишта нема да се собираат навивачи.
ТдФ требаше да стартува на 27 јуни, но поради корона вирусот стартот е поместен за 29 август, но нејасно е дали трката може да се оддржи. Француската влада забрани масовни собири до септември, но дозволи Тур де Франс да стартува доколку има добар менаџмент на етапите.
„Сигурно можеме да имаме трка без луѓе покрај улиците, само за ТВ-преноси. Нема да има иста атмосфера и чувство како со навивачи, но барем ќе има трка. Главното прашање е дали организаторите можат да гарантираат дека луѓето нема да излезат на трката“, вели Британецот.
34-годишниот Фрум ја пропушти минатогодишната трка поради тешките повреди кои ги доби при судир на крајот на 2018, и се врати на тркањето на Трката околу Обединетите Арапски Емирати во февруари.