Тимот Инеос потврди дека нема да го продолжи договорот со четири кратниот победник на Тур д’Франс Крис Фрум. Британецот кариерата ќе ка продолжи во тимот Израел Старт-Ап Нејшн.
Крис Фрум првиот договор со Инеос го потпиша пред една деценија, неговиот актуелен договор истекува во декември.
„Крис беше со нас од почетокот, Тој е голем шампион, но веруваме дека ова е вистинска одлука и за нас и него. Со она што го има постигнато очекувано е Крис да биде лидер на тимот, а ние тоа не можевме да му го понудиме“, рекол шефот на Инеос Дејв Брејлсфорд.
35 годишниот Британец ќе ја добије лидерската улога во новиот тим и најави дека ќе се обиде да ја освои петата титулата на Тур д’Франс.
Трката околу Франција ќе започне на 29 декември.