Поранешниот шампион на Австралија опен (2014 година), Стен Вавринка, годинешниот настап во второто коло. За разлика од Швајцарецот, третиот носител на турнирот, Доминик Тим, експресно избори пласман во третата рунда.
Унгарецот Мартон Фучович му пресудиа на Вавринка, во еден исклучително драматичен меч, кој траеше четири часа и три минути. Фучович ги доби првите два сета со 7/5 и 6/1, а Вавринка возврати со 2/6, 4/6.
Драмата кулминираше во решавачкиот сет, Фучович сервираше за победа, но Вавринка го освои тој гем и избори тај-брејк.
Во супер-тај брејкот, Вавринка водеше со 6:1, 7:3, 8:4 и 9:6, но победи Фучовиќ со 9:11.
Мартон Фучовиќ во третото коло ќе игра против Милош Раониќ. Канаѓанецот го загуби првиот сет во тај-брејк, од Корентан Муте, а потоа ги освои наредните три со 6/1, 6/1, 6/4
Доминик Тим за само 99 минути се пласира во третото коло. Австриецот, кој минатата година играше во фииналето, го декласира Германецот Доминик Кепфер со 6/4, 6/0, 6/2.
Тим во третото коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Ник Кирјос и Игу Амбер.