Францускиот бијатлонец Мартан Фуркад победи во својата последна трка во кариерата. Легендарниот бијатлонец победи во потерата, во Контионлахти, но не успеа осми пат во кариерата да го освои Големиот кристален глобус.
Фуркад до 83 победа во кариерата дојде со време 31:25.4 минути. Второто место му припадна на Квентин Фијон Мае, а третото на Емилијен Жакелан. Четвртото место го освои Тингнес Бе од Норвешка.
Благодарение на четвртото место Бе го освои Големиот кристален глобус. Во вкупниот пласман тој за два бода го победи Фуркад.
Мартан Фуркад во кариерата забележал 83 победи, освоил седум Големи и 25 Мали кристални глобуси. Тој е четири кратен олимписки шампион, а од светските првенства има 11 златни медали.