Top Sport

Гаске го „стопираше“ камбекот на Медведев во Женева

Францускиот ветеран, Ришар Гаске со 6:2/7:6(5) го совлада светскиот рекет број 2, Данил Медведев во второто коло на Женева опен во Швајцарија, последниот подготвителен турнир пред Ролан Гарос.

Русинот Медведев, актуелниот шампион од САД опен, паузираше подолго време поради операција за хернија, и при враќањето на терените имаше лош старт, губејќи го првиот сет за само 32 минути игра, пред во вториот веднаш да загуби брејк за водство на Гаске. Тој успеа да се врати во шестиот гем за да израмни на 3:3, за во тај-брејкот да нема шанси против 35-годишниот противник.

Scroll to Top