Top Sport

Гавирија во жолто по првата етапа на Тур де Франс (видео)

Колумбиецот Фернандо Гавирија е лидер на Тур де Франс по победата на првата етапа на трката, додека фаворитите за победа Крис Фрум и Наиро Квинтана беа вклучени во посебни инциденти и загубија време на 201 километри долгата етапа од Ноармутие-ен-Ил до Фонтене-ле-Комт.

Фрум падна на тревнатиот дел на страната на улицата на пет километри пред крајот и иако бргу се врати на велосипедот, остатокот од велосипедистите не го чекаа бидејќи почнаа подготовките за спринтерскиот старт. Колумбиецот Квинтана, доби дупната гума на 3.5 километри пред целта и загуби повеќе од една минута.

Напред, Гавирија успеа да го добие спринтерскиот финиш пред светскиот шампион и фаворит за спринтерската титула, Словакот Петер Саган и пред германскиот спринтерски специјалист, Марсел Кител. Во главната група, значи веќе со голема предност пред Фрум и Квинтана беа Микел Ланда, Алехандро Валверде, Том Думулин и Винченцо Нибали.

„Рамната“ етапа беше одбележана со обид на тројца велосипедисти да се одвојат уште во првиот километар. Жером Касан (Директ Енерџи), Кевин Леданоа (Фортунео) и Јаон Офредо (Ванти) на крајот беа лесно фатени во финишот на етапата.

Scroll to Top