Против Роберт Крафт, сопственикот на актуелниот НФЛ Супер бол шампион, Њу Ингланд петриотс има две обвиненија за посета на проститутки во Џупитер, Флорида, потврди локалната полиција. 77-годишниот Крафт е еден од дваесетината обвинети како дел од полициска акција.
Крафт го купи Петриотс пред 25 години, и оттогаш тој стана најуспешниот тим во НФЛ лигата, со 10 настапи во Супер бол натпреварите и шест титули, вклучувајќи го и последниот Супер бол 53. Тој се смета за еден од најмоќните луѓе во НФЛ лигата.
Покрај тоа, Крафт е добар пријател и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој призна дека навива за неговиот тим.