Top Sport

Гебреселасие им се приклучил на бранителите на Адис Абеба

Легендарниот атлетичар, Хаиле Гебреселасие, објави дека доброволни и се приклучил на армијата на Етиопија, за да се бори во граѓанската војна, која една година се води во земјата, пишува „Гардијан“.

Гебреселасие е двократен олимписки и четирикратен светски шампион на 10.000 метри. Тој изјавил дека ја облекол униформата за да го брани главниот град Адис Абеба од трупите на племето Тиграјан и нивните сојузници.

Локалните медиуми обајавија дека на Гебреселасие ќе му се приклучи носителот на сребро од маратонската трка на ОИ во Рио де Жанеиро, Феиса Лилеса.

Според извештаите на Обединетите нации, во граѓанската војна во Етиопија загинале десетици илјади луѓе, а два милиони ги напуштиле своите домови.

Scroll to Top