Top Sport

Лаказет во јануари ќе го засили Њукасл

Александар Лаказет ќе биде провто големо засилување за Њукасл јунајтед, тврдат англиските медиуми. Лаказет ја одработува последната година од договорот со Арсенал, клубот не му понуди нов договор, а зимскиот преоден рок е последна шанса да заработи од трансферот на францускиот фудбалер.

Њукасл јунајтед пред еден месец доби нов сопственик, Инвестициски фонд од Саудиска Арабија, не чие чело е принцот Бин Салман, купи 80 отсто од акциите на клубот.

Клубот се уште нема победа во Премиер лигата, се наоѓа на последната позиција на табелата. Њукасл мора да се засили во зимскиот преоден рок доколку сака да избори опстанок.

Лаказет ретко игра оваа сезона, во сите натпреварувања настапи на 10 натпревари, поради што е јасна неговата желба да го напушти Арсенал.

Фудбалерот за кого Арсенал во 2017 година платија 53 милиони евра се поврзува и со Милан, меѓутоа медиумите во Англија се убедени дека тој од јануари ќе го предводи нападот на Њукасл.

Scroll to Top