Top Sport

Георгиевски ќе се бори за злато во Краков

Дејан Георгиевски ќе се бори за златен медал на Европските игри во полскиот Краков, откако во полуфиналето во таеквондо категорија над 87 килогами, со убедливи 2:0 (4:2,8:3) го совлада Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.

Освојувачот на сребро од Олимпијадата во Токио, за златото ќе се бори со Британецот Кејден Луис Канингем, кој со 2:0 го победи Хрватот Пашко Божиќ. Финалето е на програмата од 20.30 часот.

Scroll to Top