Top Sport

Гергес ја победи Вознијацки за трета титула во низа

По едно финале и две полуфиналиња, Германката Јулија Гергес, конечно, победи на АСБ класик турнирот во Оукленд, Нов Зеланд, добивајќи го финалето со Каролине Вознијацки со 6:4/7:6(4).

29-годишната Германка влегува на Австралија опен со три титули во низа, откако на крајот на 2017 година победи на турнирите во Москва и Жухаи, и сега има низа од 14 победи едноподруго.

„Искрено, оваа титула ми значи многу. Бев многу постојана на овој турнир последните години и убаво е да се добие овој голем трофеј. Не можам да се жалам, но за неколку дена повторно продолжувам со работа. Титулата не значи ништо на следниот турнир“, вели Гергес.

Scroll to Top