Германската тенисерка Јулија Гергес го освои ВТА турнирот во Окланд, Ноз Зеланд.
Гергес, во финалето, по голема борба ја победи Каролин Вознијацки од Данска со 6:4, 7:6 и на тој начин ја спречи противничката да се врати на првото место на ВТА листата.
Германкста во првиот сет направи еден брејк што и беше доволно да го освои, додека во вториот сет двете тенисерки направија по еден брејк, а Гергес потоа беше многу посигурна во тај-брејкот.
Гергес во Окланд го освои петтиот трофеј во кариерата, додека Вознијацки ќе чека нова шанса да се врати на првото место на ВТА листата.