Германија е се уште во шок по веста дека германскиот веслач, Максимилијан Рајнелт (30) почина за време на викенд во Швајцарија, на скијање.
Швајцарската полиција наведува дека Германецот само се срушил на снегот, и не се открива што ја предизвикало неговата смрт.
Рајнелт како член од „осумката“ во 2012 година го освои златниот медал на олимписките игри во Лондон, додека сребрен медал го освои четири години подоцна во Рио де Женеиро.
Тој освои и две титули светски шампион, а е неколкукратен освојувач на бројни европски трофеи.