Top Sport

НБА топ 10: Хезоња забива како Леброн, Дончиќ го излуде Тексас

Бурна НБА ноќ во САД, со девет возбудливи меча и еден ку одлични потези.

Првиот кандидат за „дебитант на годината“, Словенецот Лука Дончиќ повторно беше одличен на мечот против Хјустон, а еден негов потег е меѓу десетте најдобри на вечерта.

Исто така видовме и страшна блокада на Лопез над Марканен, а на истиот меч беше и монструозното забивање на Јанис Адетокумпо, по направениот ролинг.

Сепак најдобриот потег синоќа е дело на хрватскиот интернационалец, Марио Хезоња. Некогашниот четврти пик на НБА драфтот заби во стилот на Леброн Џејмс, оставајќи го беспомошен Маркис Крис.

Погледнете ги ноќешните топ 10 потези:

Scroll to Top