Top Sport

Геруто привремено суспендирана поради допинг

Светската шампионка на 3.000 метри стиплчез Нора Геруто е привремено суспендирана поради кршење на антидопинг правилата, соопшти Единицата за интегрите во атлетиката (АИУ).

Џеруто, родена во Кенија, освои злато на Светското првенство во Јуџин минатата година под знамето на Казахстан. Таа со нов рекорд на СП го освои златниот медал.

27. годишната Геруто беше обвинета за употреба на недозволена супстанца или метода, се вели во соопштението на АИУ, која ги надгледува случаите на допинг во атлетиката.

АИУ соопшти дека случајот го вклучува биолошкиот пасош на Геруто, кој е механизам за следење на вредностите на крвта на натпреварувачот во долг временски период за да се укаже на можни знаци на допинг.

Геруто е привремено суспендирана, што значи дека нема да може да се натпреварува додека не се реши нејзиниот случај.

Претставувајќи ја Кенија во 2016 година, таа го освои златото на Африканското првенство и на Дијамантската лига во 2021 година.

Scroll to Top