Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на домашниот Белград опен, откако добро се испоти против светскиот рекет број 253., Германецот Матс Мораинг пред да стигне до 6:2/7:6(4).
Во прв меч по поразот од Надал на Италијанскиот опен, Ѓоковиќ за противник имаше 28-годишен тенисер, кој оваа сезона има само два меча на АТП турнејата, и зашочна силно, освојувајќи четири гема во низа во првиот сет за да го добие со 6:2. Но, во вториот сет, Мораинг врати на брејкот при 2:2, за да стигне до 5:5, пред да се игра тај-брејк, за Србинот да обезбеди меч со Аргентинецот Федерико Корија во четврт-финалето.
„Доста нервозен меч. Имав противник кој нема искуство на ова ниво на натпреварување, но играше како 10-годишен ветеран. Секоја топка беше бомба на другата страна и секогаш сте на работ на нервите. Вториот сет беше тежок, но на крајот стигнав до победа“, изјави Ѓоковиќ.