Top Sport

Ѓоковиќ долго ќе биде прв на АТП листата

Новак Ѓоковиќ продолжи да го подобрува својот рекорд. Тој ја започна 346.недела на првото место, на АТП листата.

Ѓоковиќ, вечера ја освои 37.мастерс титула во кариерата, а ден претходно, седми пат во кариерата, го обезбеди првото место на крајот од годината.

Ѓоковиќ, во полу-финалето го победи Хуберт Хуркач, а во финалето Данил Медведев.

На првото место Ѓоковиќ има 10.940 поени, втор со 3.300 поени помалку од него е Данил Медведев. Оваа разлика му го гарантира првото место на Ѓоковиќ и завршувањето на Австралија опен, што значи дека во наредниот период само ќе го подобрува рекордот.

Трет на листата е Александар Зверев кој ја презеде позицијата од Стефанос Циципас. Следуваат Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Scroll to Top