Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ ги споредил тенисерите од „големата тројка“ и проговорил околу дилемата кој од нов е најдобриот на сите времиња.
„Новак е најдобриот тенисер на сите времиња. Ова што го кажувам не е „продавање на магла“, туку поради тоа го вели статистиката. Многу е важно да се погледне статистиката во последните десет години. Во моментов статистиката вели дека Роџер има најмногу грен-слем титули, зад него е Надал. Новак треба да ги престигне за да биде меѓународно признат“, рекол Типсаревиќ и дополнил.
„Сум играл пртив сите, знам како кој од нив игра кога е во најдобра форма и со должна почит кон Надал и Федерер Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња. Мислам дека кога се ќе се заврши, во наредните три-четири години, дека Новак статистички ќе ги мине овие двајца и дека и меѓународно ќе биде крунисан како најдобриот на сите времиња“.
Јанко Типсаревиќ пред неколку недели ја заврши кариерата. Најдобра пласман во кариерата му бил седмото место на АТП листата.