Top Sport

Лука Јовиќ заминува од Мадрид?

Се ближи крајот на престојот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид. „Калчомеркато“ тврди дека Реал во јануари ќе се обиде да го продаде српскиот напаѓач или да го испрати на позајмица.

Реал Мадрид на Ајнтрахт им платија 60 милиони евра за Јовиќ, но тој не успеа да се наметне кај тренерот Зинедин Зидан. Донесен како алтернатива и наследник на Карим Бензема тој е четврта опција во нападот на „кралскиот клуб“. Покрај Бензема во плановите на Зидан пред него се и младите Бразилци Родриги и Винисисус Жуниор.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Јовиќ кариерата ќе ја продолжи во Арсенал. Наводно претставници на Реал и Арсенал веќе имале неколку состаноци на оваа тема.

Желбата на Реал била да го понудат Јовиќ и одредена сума на пари во замена за Пјер-Емерик Обамејанг.

Јовиќ од почетокот на сезоната одиграл само 396 минути, односно на 12 натпревари постигнал само еден гол.

Scroll to Top