Top Sport

Ѓоковиќ е пријавен за Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е пријавен за настап на Австралија опен. Ѓоковиќ, има рекордни титули на гренд слемот во Мелбурн.

Првиот гренд слем во сезоната ќе се одржи од 17. до 30.јануари.

Ѓоковиќ е пријавен за овој турнир, меѓутоа останува дилемата дали тој се вакцинирал или ќе искористи некоја „дупка“ во прописите. Тој претходно ќе учествува на АТП купот во Сиднеј од 1. до 9.јануари.

Од познатите имиња за Австралија опен не се пријавени Швајцарците Роџер Федерер и Стен Вавринка.

Scroll to Top