Top Sport

Ѓоковиќ-експрес во првиот вечерен меч во историјата на Ролан Гарос

Актуелниот шампион и светски број 1, Новак Ѓоковиќ ја имаше честа прв да игра во вечерен меч на Ролан Гарос, но тие кои ги платија скапите билети на „Филип Шартие“ на крајот не добија многу за парите, откако Србинот го декласираше Јапонецот Јошихито Нишиока во три лесни сета со 6:3/6:1/6:0.

Во првиот гренд слем меч по фијаското со депортирање од Австралија во јануари, Ѓоковиќ имаше „мака“ само во првиот сет, кој го освои за 51 минута, а паузата поради дождот и затворањето на покривот, како да го наполни со енергија за во вториот сет да му дозволи на 99-рангираниот противник само еден гем, и потоа лесно да го комплетира мечот.

Следен за Ѓоковиќ ќе биде подобриот од мечот помеѓу Словакот Алекс Молчан и Аргентинецот Федерико Корија, но потоа ждрепката станува далеку потешка за него – веќе во четврт-финалето би не чекало пресметка со 13-кратниот шампион од Париз, Рафа Надал, а во потенцијалното полуфинале би бил уште еден Шпанец, младиот талент Карлос Алкараз.

Scroll to Top