Top Sport

Ѓоковиќ експресно до втората рунда на Олимпискиот турнир

Новак Ѓоковиќ го победи Уго Далијан од Боливија на отворањето, на Олимпискиот турнир. Ѓоковиќ за 63 минути го победи 139. на АТП листата со 6/2, 6/2.

Ѓоковиќ ја покажа класата и без проблеми славеше над тенисерот од Боливија. Србинот освои 82 отсто од поените при првиот сервис, а имаше 100 отсто реализација (14/14) на поените при вториот сервис.

Боливиецот и покрај поразот, задоволен го напушта Токио. При поздравувањето на мрежата, тој ја побара и на подарок ја доби маицата која ја носеше првиот светски рекет.

Нареден противник на Ѓоковиќ ќе му биде Јан-Ленард Штруф од Германија.

Scroll to Top