Top Sport

Ѓоковиќ експресно го мина Хуркач

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно го мина првото коло на Ролан Гарос. Ѓоковиќ го комплетира успешниот ден за српскиот тенис, откако претходно пласман во втората рунда обезбедија Филип Крајиновиќ и Душан Кецмановиќ.

Новак Ѓоковиќ во првото коло му препушти само осум гема на Хуберт Хуркач од Полска. Српскиот тенисер, за нешто повеќе од 90 минути, го доби мечот со 6:4, 6:2, 6:2. Првиот носител делуваше сигурно на теренот, иако во вториот сет му дозволи еден брејк на противникот. Вкупно Ѓоковиќ седум пати му го одзеде сервисот на Хуркач.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против „лаки лузерот“ Хенрик Лакосен.

Scroll to Top