Top Sport

Ѓоковиќ експресно го мина Шарди

Новак Ѓоковиќ со импресивна победа над Жереми Шарди ја започна одбраната на титулата, на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен.

На „Род Лејвер“ арена во Мелбурн, Ѓоковиќ за 91 минута го победи францускиот тенисер со 6/3, 6/1, 6/2. Искусниот Шарди и во 14 меч против Ѓоковиќ не успеа да освои сет.

Ѓоковиќ, во среда, во второто коло ќе игра против Френсис Тијафо. Американецот, претходно во три сета го победи Стефан Траваља од Италија.

Ѓоковиќ досега во кариерата никогаш не играч против Тијафо.

Scroll to Top