Top Sport

Ѓоковиќ ги прекршил правилата, се соочува со казна (Видео)

Светските медиуми пренесуваат дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот ги прекршил правилата. Тој тренирал во Марбелја со Карлос Гомес Ерера.

Медиумите пишуваат дека Шпанија од понеделникот ги ублажи мерките воведени поради коронавирусот и дека некои професионални фудбалски клубови добиле дозвола да тренираат.

Се напоменува дека Ѓоковиќ ги прекршил правилата бидејќи се уште не е дозволено да се тренира на тениските терени. Прашање е дали Ѓоковиќ добил специјална дозвола за таков тренинг.

Исто така медиумите пишуваат дека засега не е познато дали српскиот тенисер ќе биде казнет од шпанските власти, доколку се докаже дека ги прекршил правилата.

Ѓоковиќ на „Инстрграм“ објави видео како тренира со Ерера кој инаку е дубл-партнер на неговиот брат Марко.

Scroll to Top