Top Sport

Ѓоковиќ го декласира Нишикори во полу-финалето на Ју-Ес Опен

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на последниот гренд слем турнир во сезоната, Ју-Ес Опен. Србинот во полу-финалето, без поголеми проблеми го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6:4, 6:2. Ѓоковиќ осми пат ќе игра финалето на Флешинг Медоуз, а негов противник ќе биде Хуан Мартин дел Потро.

Речиси два и пол часа траеше репризата на полу-финалето од 2014 година, со една разлика што во 2018 Нишикори немаше шанси против мотивираниот противник. Ѓоковиќ мечот го отвори со брејк, а потоа без проблеми успеа и да го реши првиот сет со 6:3.

foto: epa

Почетокот на вториот сет беше клучен за она како понатаму се одвиваше мечот. Првите два гема во овој сет траеја 25 минути. Двајцата пропуштија неколу топки за брејк, но ги сочуваа своите сервиси.

Ѓоковиќ и понатаму вршеше силен притисок на сервисот на противникот, а брејк направи во петтиот гем, потоа го потврди истиот и набргу го затвори сетот со 6:4.

Во последниот сет Нишикори се предаде, а Ѓоковиќ со два брејка стигна до триумф и пласман во финалето.

Scroll to Top