Top Sport

Ѓоковиќ го „измаршира“ Изнер за 73 минути!

Новак Ѓоковиќ имаше победнички старт на АТП финалето во Лондон, откако му беа доволни по еден брејк во двата сета за 6:4/6:3 победа над Џон Изнер, за да ја забележи деветтата победа во 11 меча со Американецот, кој на елитниот турнир влезе по повлекувањето на Рафаел Надал.

Ѓоковиќ и пред турнирот го осигура првото место на АТП листата за 2018 година, комплетирајќи го неверојатниот кам-бек оваа сезона, но ја доби потешката група „Гуга Куертен“ заедно со Изнер, Марин Чилиќ и Александер Зверев.

Иако во првиот сет, Изнер имаше дури 10 аса, Ѓоковиќ направи еден брејк за 3:2 водство и без мака поведе со 1:0. Во вториот сет, темпото на Американецот падна и Србинот го искористи тоа со уште еден брејк на 4:3 за да го комплетира мечот и да им прати порака на ривалите во Лондон дека е подогтвен за борба за титулата, импресионирајќи го дури и Кристијано Роналдо, кој со семејството беше во „О2 Арената“.

Scroll to Top