Top Sport

Ѓоковиќ го израмни рекордот на Штефи Граф

Новак Ѓоковиќ ја започна својата 377. недела на врвот на АТП листата. Србинот се израмни со легендарната Германка Штефи Граф, а наредниот понеделник ќе го собори рекордот.

Ѓоковиќ за прв пат беше на врвот на АТП листата на 4. јули 2011 година, 12 години тој се уште е таму.

На најновата АТП листа немаше промени до шестото место. Зад Ѓоковиќ се Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљев и Рафаел Надал. На седмото место е Американецот Тејлор Фриц.

Данил Медведев по освоената титула во Ротердам се врати во Топ 10, тој сега се наоѓа на осмото место. Следуваат Феликс-Оже Алијасим и Холгер Руне.

Scroll to Top