Новак Ѓоковиќ го откажа документарниот филм за неговиот живот кој беше сниман од „Амазон прајм“.
Српскиот тенисер и „Амазон прајм“ работеа заедно од почетокот на 2017, покривајќи ја сезоната на тенисерот и обидите да се врати на врвот по неочекувано слабата 2016 година. Во документарниот филм требаше да се покрие и неговиот приватен живот и работата во добротворната фондација, меѓутоа, Србинот нема играно од Вимблдон поради повреда на лактот.
Според „Дејли мејл“, вестите доаѓаат во моменти кога Ѓоковиќ почна со тениски тренинзи како дел од подготовките за Австралискиот опен, иако досега се потрошени значителни средства на снимањето.