Светскиот рекет број 1 имаше одличен старт на новата тениска сезона, откако со 6:1/6:2 доминираше против својот добар пријател Дамир Џумхур.
Ѓоковиќ, кој пред крајот на годината триумфираше на егзибицискиот турнир во Абу Даби, го „суреди“ босанскохерцеговскиот тенисер за помалку од еден час, а првиот сет го освои за неверојатни 23 минути.
Во следното коло, Ѓоковиќ игра со Унгарецот Мартон Фучович, кој со 6:3/6:2 беше подобар од Романецот Мариуш Копил.
Новак е двократен шампион од Доха.
Фото: ЕПА