Top Sport

Ѓоковиќ го потврди ангажманот на Штепанек

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека негов тренер ќе биде поранешниот чешки тенисер Радек Штепанек.

Ѓоковиќ, во мај годинава, ја раскина соработката со Марјан Вајда и на тренерското место го ангажираше легендарниот Андре Агаси. Американецот исто така ќе остане во тренескиот тим на Ѓоковиќ.

Поради лошите резултати оваа сезона, која ја заврши во јуни, поради повреда на лактот, Ѓоковиќ испадна од Топ 10 на АТП листата и новата сезона ќе ја започне од 12.место.

Српскиот тенисер името на новиот тренер го објави на Инстаграм.

Најдобриот пласман на Радек Штепанек, на АТП листата е шестата позиција. На Гренд слем турнирите во сингл, најдобриот резултат го има забележано во 2006 година, кога играше четврт-финале на Вимблдон.

Во дубл, има две Гренд слем титули, на Аустралијан опен во 2012 и Отвоореното првенство на САД во 2013 година.

Со решрезентацијата на Чешка два пати, во 2012 и 2013 година, го освоил Дејвис купот.

Scroll to Top