Top Sport

Ѓоковиќ го потврди настапот на Австралијан Опен: Среќен сум што ќе играм во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да игра на првиот гренслем турнир следната година, Австралија опен, во јануари 2023 година. Ѓоковиќ не можеше да ја одбрани титулата во Мелбурн оваа година бидејќи беше депортиран од земјата затоа што не е вакциниран против вирусот Ковид-19.

„Бев многу среќен со веста што ја добив. Јасно е дека ми е олеснување со оглед на сето она што го поминавме јас и моите најблиски на почетокот на оваа година“, изјави Ѓоковиќ по победата против Андреј Рубљов на завршниот АТП турнир во Торино.

Откако беше депортиран од Австралија во јануари, на Ѓоковиќ првично му беше забранет влез во таа земја до 2025 година, но бидејќи Австралија во јули го укина правилото според кое странците требаше да го пријават својот статус на вакцинација при влез во земјата, стана јасно дека и забраната за Србинот ќе биде отстранета.

Ѓоковиќ освои девет од вкупно 21 гренслем титула во кариерата на Австралијан Опен.

Scroll to Top