Top Sport

Ѓоковиќ го преслуша Андухар на стартот на турнирот во Тел Авив

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со стил се врати на терените декласирајќи го Пабло Андухар со 2:0 во сетови на стартот од турнирот во Тел Авив. Шпанецот не можеше да даде посилен отпор, посебно во првиот сет.

Ѓоковиќ го освои без да загуби ниту еден гем, со 6:0. Во продолжение од мечот, Србинот диктираше ритам и вториот сет го комплетираше со 6:3 во гемови.

Следен ривал на поранешниот најдобар светски рекет ќе биде Васек Поспишил од Канада.

Scroll to Top