Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена уште еднаш ја покажаа важноста на социјалните мрежи, посебно Фејсбук и Инстаграм во нивната фондација која собра повеќе средства за образованието во Србија.
„Фондацијата Новак Ѓоковиќ“, кои ја предводат двајцата се фокусира на помош на децата за рано образование и тие сега се заблагодарија за поддршката која ја добија преку социјалните мрежи.
„Воведувањето на социјалните мрежи, посебно Фејсбук и Инстаграм ни помогна да стигнеме до глобална публика и да собереме средства важни за детското образование“, изјави Јелена Ѓоковиќ.
На пример, на 31. роденден на Ѓоковиќ, фондацијата собра доволно пари да прати 400 деца во предучилишни установи (градинки) преку Фејсбук кампања.
„Мислам дека е важно спортистите да ја користат платформата за да вратат нешто на своето општество, да покажете дека без разлика на успехот кој сте го оствариле, свесни сте за тоа што се случува во вашата заедница и низ целиот свет“, изјави Ѓоковиќ.