Top Sport

Ѓоковиќ и Тим своето полуфинале во Париз ќе го доиграат утре

Рафаел Надал ќе почека до утре да го дознае својот противник во финалето на Ролан Гарос, откако мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим беше прекинат поради дожд при 1:1 во сетови.

Тим подобро се снајде на ветровитото време во Париз за да поведе со 1:0 во сетови, пред Ѓоковиќ да се избори за израмнување во вториот сет. Тим направи брејк во третиот сет за да поведе со 3:1, но при 6:2/3:6/3:1 за него почна силен дожд и организаторите решија да го одложат полуфиналето за утре (со почеток во 11 часот).

Ѓоковиќ беше очигледно изнервиран од условите за игра, и откако го загуби првиот гем на свој сервис го праша судијата на столче зошто мечот воопшто продолжува. Откако Тим го освои првиот сет за само 27 минути, и по кратката пауза поради дожд во вториот сет, Ѓоковиќ се „прибра“ и направи прв брејк за да поведе со 5:3 за да ог освои сетот.

Scroll to Top