Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ зборуваше за Златан Ибрахимовиќ во интервјуто за „Газета дело Спорт“. Србинот е деклариран навивач на Милан, а Ибра е водачот на „Росонерите“.
„Ми се допаѓа неговата филозофија – што сум постар, толку помладо се чувствувам. Тој е симбол на балканскиот менталитет. Никогаш не се откажува и има многу самодоверба. Препознавам свои особини во него. Има менталитет на победник, кој ги почитува другите“ – вели Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ минатата недела го освои Мастерсот во Париз и потврди дека ќе биде број 1 на АТП и на крајот на 2021 година. Во Торино го очекува завршниот Мастерс турнир.
„Се враќам во град во кој сум бил само еднаш, кога имав 15 години. Среќен сум што завршниот Мастерс се игра во Италија, каде имам посебен однос со навивачи“ вели српскиот ас.