Top Sport

Ѓоковиќ има „скршено срце“ за Бекер, Германецот ќе биде тренер во затвор?

Новак Ѓоковиќ вели дека „срцето му е скршено“ откако неговиот поранешен тренер, легендарниот Борис Бекер беше осуден на 2.5 годишна казна затвор, посочувајќи дека ќе се моли за трикратниот шампион од Вимблдон.

Бекер беше осуден за прикривање на 2.5 милиони фунти при банкротирањето во 2017 година, и го помина првиот викенд од својата затворска казна во Вендсворт во југозападен Лондон, каде што ќе мора да помине барем 15 месеци пред да може да биде помилуван или пуштен на условна казна.

Ѓоковиќ и Бекер соработуваа три години, период во кој Србинот освои шест гренд слема.

„Скршено ми е срцето за него. Тој ми е долгогодишен пријател, ми беше тренер три години и е човек кој е близок во мојот живот и човек кој помогна за успехот во мојата кариера. Нема да навлегувам во деталите околу пресудата, бидејќи не сум во позиција да го правам тоа, но како негов пријател, секако сум тажен. Се надевам дека ќе го помине овој период и ќе може да се врати на нормалниот живот“, вели Ѓоковиќ.

Според британскиот таблоид „Сан“, Бекер ќе биде во „категоријата Б“ во затворот во Вендсворт, каде што ќе работи како тренер по физичко воспитување при престојот.

Scroll to Top