Top Sport

Ѓоковиќ имал подготвена жалба – Спремен е повторно да оди на суд

Сагата околу престојот на Ноак Ѓоковиќ во Австралија се уште трае. Министерот за имиграција, во Владата на Австралија, Алекс Хок најмалку и денес не донесе одлука околу евентуалната депортација на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ, во понеделникот, го доби судскиот спор Владата. Федералниот суд му ги врати личните документи и визата за влез во државата. Сепак, министерот за имиграција, има дискреционо право да ја заобиколи оваа одлука на судот и да му ја одземе визата.

Четири дена по судската одлука, министерот за имиграција, Хок не се огласува. Вчера, медиумите во Австралија, најавија дека тој денес ќе му ја одземе визата на Ѓоковиќ.

Најавите не се остварија, а во меѓувреме се одржа и ждрепката за Австралија опен. Ѓоковиќ, одбраната на титулата, треба да ја започне против сонародникот Миомир Кецмановиќ.

„Ејџ“, тврди дека Австралијците планирале ждрепката да се одржи без Ѓоковиќ, на крајот ждрепката се одржа со Ѓоковиќ како прв носител и дека одлуката за депортација ќе биде донесена утре.

Извор близок до Ѓоковиќ, за „Ејџ“, рекол дека доколку министерот реши да го депортира, тогаш тенисерот веднаш ќе вложи жалба, бидејќи неговите адвокати имале докази зотшо тоа не треба да се случи.

Според овој извор, министерот Хок уште еднаш ја разгледувал документацијата која ја поднеле адвокатите на Ѓоковиќ и дека поради тоа ја одложил одлуката за уште еден ден.

Доколку, Хок, реши да го депортира, тогаш адвокатите на Ѓоковиќ веднаш ќе поднесат жалба, што значи дека повторно ќе одат на суд. Тие се надеваат дека судењето ќе се започне во сабота и дека се ќе биде завршено во недела, за да може тенисерот, во понеделник да го започне учеството на Австралија опен.

Правниот тим на Ѓоковиќ верува во ова сценарио, бидејќи до почетокот на турнирот, од моментот кога ќе ја поднесат жалбата, ќе останат уште два дена.

Од друга страна на оваа карта игра и министерот Хок. „Ејџ“, повикувајќи се на извори од Владата на Австралија, пишува дека намерата на министерот е да му го смали маневарскиот простор за подготвка на новото судење.

Не е познато, дали Ѓоковиќ ќе биде вратен во хотелот за имигранти, доколку биде донесена одлука за негова депортација.

Scroll to Top