Новак Ѓоковиќ повеќе не е меѓу најдобрите 20 тенисери во светот, додека Рафа Надал се врати на челната позиција на листата што АТП ја објави во понеделникот.
Ѓоковиќ, изминатата недела, не успеа да ги одбрани поени освоени минатата година, кога играше во финалето на мастерсот во Рим, поради што прв пат по 2006 година не се наоѓа меѓу најдобрите 20 во светот.
Србинот, мастерсот во Рим, го заврши во полу-финалето по поразот во два сета од Рафа Надал.
Шпанецот потоа во финалето успеа да ја освои титулата и да се врати на првото место на АТП листата.
Надал во финалето го победи бранителот на триулата Александар Зверев кој остана на третата позиција на листата, а втор е Роџер Федерер, кој ја проушти овој дел од сезоната.
Зад најдобрите тројца се Марин Чилиќ и Григор Димитров, овие двајца ги заменија позициите, а потоао следуваат Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андресон, Доминик Тим, Давид Гофан и Џон Изнер.
АТП, топ 10:
1. (2.) Рафаел Надал (Шпанија) 8.770
2. (1.) Роџер Федерер (Швајцарија) 8.670
3. (3.) Александар Зверев (Германија) 5.615
4. (5.) Марин Чилиќ (Хрватска) 4.950
5. (4.) Григор Димитров (Бугарија) 4.870
6. (6.) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.450
7. (7.) Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.635
8. (8.) Доминик Тим (Австрија) 3.195
9. (10.) Давид Гофан (Белгија) 3.020
10. (9.) Џон Изнер (САД) 2.955.
foto: EPA (мастерс Рим 2018)