Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на рекордниот 36 мастерс во кариерата проговорил за претстојниот Роланд Гарос. Тој не спори дека прв фаворит во Париз ќе биде Рафаел Надал меѓутоа открива со какви проблеми може да се соочи Шпанецот.
„Учинокот кој го има таму, историјатот на неговите резултати – едноставно не смеете да ставите пред него ниту еден друг играч. Но, дефинитивно Диего (Шварцман“ покажа дека Надал може да биде победен за земјана подлога“, рекол Ѓоковиќ.
Ролан Гарос оваа година прв пат во историјата ќе се игра во овој термин, за разлика од изминатите години кога се играше кон крајот на мај. Терминот во кој се игра турнирот според Ѓоковиќ може да му претставува проблем на Надал.
„Условите во Париз ќе бидат слични на оние во Рим, земјата ќе биде тешка, влажноста висока, мечеви ќе се играат под рефлектори, отскокот на топчето нема да биде висок…Сигурен сум дека Надал не сака вакви услови. Знам дека сака кога топчето ќе отскокне високо, сака кога е жешко, тогаш условите се побрзи бидејќи може да користи многу спин. Ќе видиме како ќе изгледа сето тоа, ќе биде интересно“, заклучил Ѓоковиќ.