Top Sport

Ѓоковиќ ја започна 325 недела како број 1, Циципас се искачи на четвртото место

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја започна својата 325 недела на првото место, на АТП листата и дополнителни ја зголеми предноста во однос на најблиските ривали.

Ѓоковиќ, кој вчера победи на Рола Гарос, на најновата листа има 12.113 поени, односно 1.970 поени повеќе од Данил Медведев.

Рафаел Надал и покрај елиминацијата во полу-финалето на Ролан Гарос, остана на третото место, со само 650 поени повеќе од Стефанос Циципас. Гркот, кој загуби од Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, го бележи најдобриот пласман во кариерата.

Доминик Тим, му ја препушти позицијата на Циципас, на петтото место Австриецот има само 55 поени повеќе од Александар Зверев.

Седмото, осмото и деветтото место го задржаа Андреј Рубљов, Роџер Федерер и Матео Беретини.

На десеттото место се искаши Шпанецот, Роберто Баутиста-Агут, кој го постисна Диего Шварцма на 11.место.

Scroll to Top