Новак Ѓоковиќ, вчера шести пат во кариерата победи на Вимблдон, а денес ја започна 329. недела на првото место, на АТП листата. Финалистот на Вимблдон, Матео Беретини, го бележи најдобриот пласман во кариерата, тој од оваа недела се наоѓа на осмото место.
Српскиот играч, кој со 20.Гренд слем титула, на врвот се израмни со Рафаел Надал и Роџер Федерер, на првото место има 12.113 поени, 1.743 поени повеќе од вториот на листата, Данил Медведев.
Трет е Рафаел Надал (8.270), кој не играше на Вимблдон.
Зад Надал е Стефанос Циципас (8.150), додека Александар Зверев го скокна Доминик Тим на петтото место.
Седми е Андреј Рубљов, осми Беретини, Роџер Федерер е е деветти.
Топ 10 завршува со Денис Шаповалов.