Top Sport

Ѓоковиќ: Јас и Австралија? Љубовна приказна која трае цела деценија

Новак Ѓоковиќ со нетрпение го чека почетокот на новата сезона. Најдобрите светски тенисери годината ќе ја отворат на АТП купот во Бризбајн, Сиднеј и Перт.

АТП купот ќе се одржува од 3 до 12 јануари, Ѓоковиќ ќе игра за српската репрезентација заедно со Душан Лајовиќ и Никола Милојевиќ. По АТП купот на 21 јануари ќе стартува првиот грен-слем во сезоната Австралија опен каде Србинот ќе ја брани титулата.

„Имав неверојатни десет години во Австралија почнувајќи од 2008 година кога го освои својот прв грен-слем во Мелбурн. Оттокаш трае оваа љубовна приказна. Сјајно е што можам да се вратам овде. Долго време не сум бил во Бризбејн. Со нетрпение чекам да почне АТП купот. Австралија секогаш во јануари знае да приреди тениско шоу. Секоја тениски настан овде е успешен, сигурен сум дека така ќе биде и со АТП купот“, рекол Ѓоковиќ.

Scroll to Top