Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се приклучи на „фантазирањето“ за спортската сила на поранешна Југославија, одговарајќи на прашања за кошарка по неговата победа во четврт-финалето на Белград опен.
„Мислам дека во моментов ги имаме најдобрите кошаркари на светот и дека би можеле да им парираме на Американците. Васа Мициќ доби МВП награда за Евролигата, Јокиќ би требало да ја добие во НБА. Тука се и Дончиќ, двајцата Богдановиќ. Многу други спортисти од поранешна Југославија. Фантазирам како би изгледало да играме заедно, не само во кошарка. Мислам дека тоа би бил најсилниот тим на светот“, вели Ѓоковиќ.