Најдобриот српски тенисер и еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Новак Ѓоковиќ, решил да го спонзорира развојот на својот мал сонародник, на кого му се прогнозира светла иднина, Михаило Топиќ.
Талентот на ова 8-годишно момче прв го „снимил“ долгогодишниот тренер на Ѓоковиќ, Словакот Марјан Вајда, а пoтоа за неговиот талент се заинтересирал и самиот Ѓоковиќ, но и луѓето од Тенискиот сојуз на Србија.
Ѓоковиќ минатaта година тренирал со ова момче, кое многумина веќе го нарекуваат „Малиот Ноле“.
Михаило Топиќ сè уште не се натпреварува на турнирите, но според зборовите на неговиот тренер, лесно ги добива тренинг-мечевите со две или три години повозрасни соперници.
Главна одлика во играта на „Малиот Ноле“ се силните удари, моториката и ритернот.